Политика за замена и враќање на производи

Ви благодариме што ја избравте Др. Сибирски веб продавницата!

Доколку сте незадоволни од комуникацијата, доставата, нашиот пристап кон Вас клиентите, овде сме да Ви помогнеме и одговориме на секое ваше барање. Нудиме голем број на продукти и комплети на продукти кои ќе ги задоволат вашите барања.

Не двоумете се и веднаш побараје нѐ!

Политика за замена / Враќање на производи

Нудиме лесна и едноставна можност за враќање и замена на купен производ. Ви излегуваме во пресрет при појава на незадоволство, со професионален и ефикасен однос и постапка, со цел да се постигне позитивно решение.

Ве молиме проследете ги подолу наведените чекори за враќање или замена на производ: Во кој рок може да се врати купен производ или услуга, доколку е купен преку интернет?

Кога се работи за договори склучени на далечина (интернет купување), од лични причини потрошувачот има право во рок од 14 календарски денови, производот или услугата да ги врати кај трговецот. Трошоците за враќање на производот ги сноси потрошувачот.

Кои производи не можат да се вратат?

Производите кои биле изработени по нарачка, производи купени на аукција, производи кои по купувањето можат да ја изгубат својата вредност (пр. антиквитети), услуги кои повеќе не можат да се извршат (пр. концерт), производи кои по купувањето повеќе трговецот не може да гарантира за нивната хемиска и физичка безбедност поради тоа што се потребни специјални услови за нивно чување и употреба (пр. лекови, гориво, храна), и останати производи и услуги утврдени со закон.

Поврат на средства:

Средствата со кој е платен производот ќе ви бидат вратени на истиот начин со кој е извршено плаќањето;

Став 1
Доколку се одлучи дека производот е оштетен или со изминат рок на траење, трошоците ги сносуваме ние. Паричните средства ќе ви бидат вратени/рефундирани во целост.

Став 2
Доколку еден или повеќе од претходно наведените услови не се исполнети, трошоците ги сносува потрошувачот. Ве молиме внимателно проследете ги и држете се до претходно наведените услови за враќање на производ.

Add to cart