Оваа Политика на приватност содржи објаснувања за обработката на личните податоци при посета и/или користење на интернет услугите достапни на нашата веб страница www.drsibirski.mk.
ЦЕЛИ И НАЧИН НА ОБРАБОТКА
Предмет на обработка се податоци за посетителите на веб страницата www.drsibirski.mk. и купувачите на производи преку оваа веб страница (во понатамошниот текст “корисниците“).
За успешно реализирање на нарачките, неопходно е да ги обработуваме податоците за име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Ги собираме само наведените основни податоци за купувачите (корисниците) кои се неопходни за постапување по нарачките и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Во случај на враќање или замена на производи ги обработуваме податоците кои се неопходни за постапување соодветно на барањето на купувачот.
Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци.
- „Dr.Sibirski“ не задржува/зачувува лични податоци на лица под 18 години
- „Dr.Sibirski“ задржува/зачувува лични податоци на возрасни лица само и единствено со нивно одобрение и претходна согласност;
- „Dr.Sibirski“ комплетно се обврзува да ги заштити податоците на своите корисници
Веб страницата www.drsibirski.mk користи „cookies“ односно “колачиња“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. “Cookie“ е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. “Cookies“ не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на “сookies“ е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.