Веб продавницата на Др. Сибирски е постојано достапна за Вас корисниците со потполна транспарентност на производите. Посветивме многу внимание и труд за да ви овозможиме лесен и едноставен пристап до сите наши производи и услуги со само неколку кликови. Ве молиме проследете ги и придржувајте се кон подолу наведените услови за користење:
- Малолетни лица под 18 години не е препорачливо да извршуваат нарачки од веб страницата без надзор од возрасен;
- Со остварување на нарачка односно купување на посакуваниот производ, се изјаснувате дека имате над 18 години;
Заштита и чување на податоци:
- „Dr.Sibirski“ не задржува/зачувува лични податоци на лица под 18 години
- „Dr.Sibirski“ задржува/зачувува лични податоци на возрасни лица само и единствено со нивно одобрение и претходна согласност;
- „Dr.Sibirski“ комплетно се обврзува да ги заштити податоците на своите корисници;
Начин на порачување / Како да порачам производ?
- Порачувањето на посакуваниот производ може да се изврши со или без креирање на Ваш веб профил. Креирањето на веб профил е многу едноставно и со само неколку чекори ги нуди нашите целосни понуди и услуги;
- Посакуваниот производ се додава во кошничката и се внесуваат точните лични податоци на корисникот;
- Со цел да се избегнат било какви недоразбирања, Ве молиме внесувајте ги Вашите точни лични податоци за беспрекорно одвивање на порачката;
Испорака на производи
Купувачите, односно вие корисниците, сте должни да го проверите производот при доставата, пред да го отворите. Доколку има оштетување, Ве советуваме да не го примите/подигнувате производот и веднаш да нѐ известите, со цел навремено реагирање и ефикасно дејствување од наша страна. Наша главна цел при вакви случаи е да се најде соодветно и позитивно решение за задоволување на барањата на корисниците;
Цени
- Цените на порачаните производи важат и не се менуваат од оние на денот на порачувањето;
Др. Сибирски го задржува правото на менување на овие правила и услови, без претходна најава или било какво соопштување. Сите промени ќе бидат јасно наведени и применети во начинот на употреба на веб страната. Ве молиме придржувајте се кон нив за беспрекорно и правилно одвивање на односите. Др. Сибирски е бренд име на компанијата Сибирско Здравје.